Ракометарите на Е. Пелистер запишаа убедлива победа од 45-33, против црногорскиот Ловќен во втората рунда натпревари од регионалното натпреварување.
На дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, „зелените“ немаа апсолутно никакви проблеми да дојдат до рутинска победа.
Тоталната доминација беше видлива уште во првото полувреме кое „пелистерци“ го добија со 24-15, а во ист стил се продолжи и во вториот дел за конечна победа од 45-33.
Следниот натпревар на Е. Пелистер повторно е во Регионалната лига, во понеделник против РК Дубочица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
