„Ел-класико“ кое не разочара – Принцот Белингем го врати кралот на тронот во Шпанија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид и дефинитивно веќе може да се прогласат за нови шампиони на Шпанија откако славеа на домашен терен во „Ел класико“ против Барселона со 3-2 во меч од 32. коло во Ла лига.

Гостите многу брзо стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на данскиот репрезентативец Кристенсен кој најдобро се снајде во 6. минута по лошата интервенција на голманот на „кралевите“ Лунин. Домаќините израмнија на 1-1 преку Винициус Жуниор кој успешно го реализираше пеналот кој претходно го изнуди Лукас Васкез. До крајот на првиот дел имаше една интересна ситуација по еден корнер на Барселона, по кој Лунин повторно лошо интервенираше, но поради тоа што нема гол-технологија не можеше да се докаже дали топката ја помина гол-линијата.

Ново водство за гостите (1-2) донесе Фермин во 69. минута, додека само четири минути подоцна Васкез израмни на 2-2. И повторно херој за „кралевите“ како и многу пати сезонава беше Џуд Белингем кој го постигна победничкиот гол во 91. минута и тоа на асистенција на неверојатниот вечерва Лукас Васкез.

Real Madrid 1-[2] Barcelona – Fermin Lopez 69′
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Real Madrid [2] – 2 Barcelona – Lucas Vazquez 73′
byu/etclassico insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...