Џошуа е новиот Мухамед Али: Една фотографија – 1.000 зборови! (ФОТО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа во спектаклот на Вембли пред 90.000 гледачи го нокаутираше легендарниот Владимир Кличко, и стана нов крал во тешка категорија.

Џошуа и Кличко приредија меч каков љубителите на боксот долго не гледале, а многумина по мечот британскиот боксер го споредија со легендата на овој спорт, Мухамед Али.

Па, веќе интернет е преплавен и со компаративна фотографија која недвосмислено потсетува на онаа легендарната на Али од боксерските денови покрај својот нокаутиран противник. Сосема идентична како денешната на Џошуа покрај нокаутираниот Кличко…

dzosua - ali

Дали Џошуа може да биде наследникот на Мухамед Али ќе покажа времето. Но, сигурно е на добар пат!

Се вчитува...