Евертон плати богатство за голманот на Сандерленд

Екипата на Евертон е блиску до постигнување договор за  23-годишниот голман на Сандерленд, Џордан Пикфорд кој се сели за сума од 30 милиони евра. Клубот кој од август ќе игра во Чемпионшип лигата во Англија се согласи да го продаде  својот прв голман, откако ја одбија првата понуда пред помалку од еден месец, но сега немаат избор бидејќи Пикфорд сака да обезбеди место во националниот тим на Англија за СП во Русија.

За талентираниот голман се интересираше и градскиот ривал Ливерпул, но Клоп инсистира дека неговиот тим нема потреба од нов голман, иако Мињоле и Кариус повеќе пати го оставија Ливерпул на цедило сезонава.

Голманот е откритие од академијата на Сандерленд. Од неговата осма година е дел од клубот, а дебитираше против Арсенал во меч во рамките од ФА купот во сезоната 2015/16. Ги помина сите селекции на младите репрезентации на Англија, а на 9. октомври 2016 година беше повикан за сениорскиот тим како замена за повредениот Том Хитон, но засега нема забележано настап.

Трансферот на Пикфорд ќе значи едно нешто за Џоел Роблес и Мартен Стекеленбург, губење на стартната позиција во составот на Куман.  Холаѓанецот пристигна на „Гудисон Парк“ минатата година, што значи дека поголеми се шансите за Роблес да бара нов клуб.

Се вчитува...