ФК Победа: Јаневски неспортски не му пружи рака на нашиот тренер за триумфот!

Од фудбалскиот клуб Победа не останаа должни по прозивката од страна на стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски дека катастрофалниот терен во Прилеп, и условите за игра, се една од причините за поразот на Вардар денеска од Победа.

Од Победа нагласуваат дека Вардар бил надигран и заслужено поразен, а условите за игра во Прилеп биле еднакви или и подобри од оние во Ѓорче Петров кога „црвено-црните“ славеа со 4-0. Но, тогаш тие услови не му сметале на Јаневски кого го прозваа и за неспортскиот однос и непоздравувањето на крајот од мечот со тренерот на победа, Славољуб Бубања.

„Тренерот на Вардар е за срамота…, тешки милиони му вреди екипата а изгубија без да создадат ниту една шанса. Тотално надиграни и требаше да примат три парчиња!!! Крив му бил теренот!!! Во Ѓорче Петров победија 4-0, а таму теренот е ист, ако не и полош… Абе признај пораз, бевте надиграни. Неспортски од твоја страна што не му прижи рака на клегата од Победа Бубања и да го признаеш поразот!!!“ – велат од ФК Победа преку својот официјален профил на социјалните мрежи.

Претходно Јаневски нагласи дека условите во Прилеп биле катастрофални иако и неговите фудбалери не одиграле како што треба.

Се вчитува...