Поранешниот скаут на Мерцедес, Гвен Лагру, од следната година ќе го преземе раководењето со програмата на Ред Бул за млади возачи.
Меѓу другото, Лагру го откри Кими Антонели и практично ќе го замени Хелмут Марко, кој беше задолжен за водење на споменатата програма со години, а сега е советник, откако Марко се повлече од таа функција на крајот на минатата година.
„Гвен е еден од најдобрите во развојот на таленти во Формула 1 и од прва рака знам колку труд вложува во работата со млади возачи. Програмата на Ред Бул за млади возачи отсекогаш била темел на успехот на тимот, а фактот што Гвен ќе ја предводи, ја нагласува важноста на развојот на следната генерација таленти во Формула 1“, истакна Лоран Маки, шефот на тимот на Ред Бул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
