Рома го официјализираше своето прво летно засилување (ВИДЕО)

Рома го објави потпишувањето на договорот со офанзивецот Сантијаго Кастро од Болоња.

Кастро е првиот нов играч на Рома во летниот преоден рок. Тој пристигна за 35 милиони евра со бонуси, додека Болоња го задржа правото на 10% од износот од неговата евентуална идна продажба. Артем Довбик треба да оди во спротивна насока. Се очекува тој да се приклучи на Болоња на позајмица со опција за откуп за околу 17 милиони евра.

Кастро потпиша петгодишен договор, со важност до јуни 2031 година. Тој ќе го носи дресот со број девет во својата прва сезона во главниот град.

Во својата прва целосна сезона во Серија А, 2024/25, Кастро постигна осум гола и имаше пет асистенции во 36 настапи. Во сезоната 2025/26, во 35 лигашки натпревари додаде седум гола и три асистенции.

Се вчитува...