Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот за првпат по Вимблдон. Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на претстојниот Мастерс турнир од серијата 1000 во Синсинати.
Со тоа, тој се враќа на турнирот за првпат по легендарното финале против Карлос Алкараз во 2023 година, кое се уште се смета за еден од најдобрите натпревари во американскиот град.
Тогаш, во спектакуларен дуел што траеше 3.49 часа, тој го совлада Шпанецот со 2-1, по сетови 5-7, 7-6 и 7-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
