Турците со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Мохамед Салах во Бешикташ, за што се шпекулира веќе некое време, но се уште не е потврдено дали навистина ќе се случи доаѓањето на 34-годишниот Египќанец на Босфорот.
На целата тема зборуваше и тренерот на клубот од Истанбул, Винченцо Италијано.
„Имаме добар тим и очекуваме тимот да се засили со уште два до три играчи“, откри Винченцо Италијано, новиот тренер на црно-белите од Истанбул, за „Газета“ пред реваншот од второто коло од квалификациите за Лигата на Европа против Митјиланд.
Салах не е единственото засилување на Бешикташ во овој преоден рок, барем кога станува збор за ѕвезди од Премиер лигата, бидејќи и Белгиецот Леандро Тросард пристигна од Арсенал.
„Тросард? Одлично, ќе пристигне на почетокот на август. Салах? Засега е на чекање. Сепак, го имаме Кекчу, одличен фудбалер“, потврди Италијано дека доаѓањето на легендата на Ливерпул во Бешикташ е неизвесно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
