„Кралевите“ во јануари го купуваат Кавани?

Реал Мадрид е во голема криза на стартот од новата сезона на Ла Лига, а најголем проблем за тренерот Зинедин Зидан е очајната ефикасност на тимот. Тоа веќе го натера Зизу да побара од челниците на клубот да доведат засилување во навалната линија во зимскиот преоден рок. Прв „пик“ на францускиот стратег е Единсон Кавани, напаѓачот на ПСЖ, кој имаше караница со Нејмар и може да се најде на трансфер – листа во јануари.

ПСЖ мора да продава фудбалери оваа зима и за да го задоволи финансискиот фер-плеј на УЕФА, со оглед дека веќе се наоѓа под мониторинг поради трансферите на Нејмар и на Мбапе. Сето ова може добро да се вклопи за двата клуба, па Кавани да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Статистичките показатели за ефикасноста на Единсон Кавани воопшто не се спорни. Тој во изминатите седум сезони има постигнато над 25 гола. Сепак, единственото прашање е дали ПСЖ и Реал Мадрид ќе успеат да се договорат за цената. Наводно, „светците“ размислуваат да го продадат Кавани за сума од 115 милиони евра.

Се вчитува...