Лаказет се договорил со Атлетико Мадрид?

Францускиот интернационалец Александре Лаказет постигнал договор со раководството на Атлетико Мадрид за трансфер на „Висенте Калдерон“ по завршувањето на оваа сезона, открива шпанското радио „Кадена Коп“. Тој во февруари заедно со својот агент Давид Вендители имал средба во Мадрид со претседателот на Атлетико Мадрид, Михел Анхел Гил Марин, и ги договорил личните услови за трансфер во Шпанија.

На крајот од сезоната Атлетико Мадрид ќе треба да испрати понуда до Лион за ангажман на Лаказет, а се споменува сума од 40 милиони евра. Французинот е на листата на желби и на Арсенал, Челси, ПСЖ, Интер и Ливерпул.

Се вчитува...