Мацари со „волшебно стапче“: Торино се врати на победите, декласирајќи ја Болоња

Валтер Мацари на најдобар можен начин дебитираше на клупата на Торино, победувајќи убедливо со 3-0 против Болоња во 20. коло од Серија А.

По трите едноподруго дуели без триумф, Торино се врати на победите под „магичното стапче“ на Мацари. Победата на мечот ја најави Де Силвестри во 39. минута од средбата.

Гостите преку Пулгар во 50. минута не реализираа пенал, па потоа добија казна. Нианг со убав погодок зголеми на 2-0 во 53. минута, а Фалке во 85. минута ги постави конечните 3-0.

По овој триумф, Торино со 28 бода се искачи на делба на седмата позиција, додека Болоња е 12-та со 24 бода.

Се вчитува...