МЗТ против „соколите“ од Карпош - реприза на ланското финале - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

МЗТ против „соколите“ од Карпош – реприза на ланското финале

МЗТ против „соколите“ од Карпош – реприза на ланското финале

Првото коло од кошаркарската лига на Македонија ќе биде заокружено со пресметката меѓу МЗТ Скопје и Карпош соколи (18 часот, СЦ „Јане Сандански“), ривалите кои пред неколку месеци играа мајсторка за титулата минатата сезона. „Сино-белите“ се наоѓаат во подобар натпреварувачки ритам бидејќи веќе зад себе имаат три средби од АБА-лигата, додека „соколите“ речиси цел месец се без официјален натпревар, по елиминацијата од Лигата на шампионите на ФИБА.

Стратегот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров најави дека АБА-лигата ќе биде целосен приоритет за неговиот тим до крајот на ова натпреварување, најавувајќи дека шанса ќе добијат дека од помладите играчи.

„Во АБА-лигата се бркаат победи и тука нема да можеме да им дадеме премногу шанси на помладите, но затоа тие дефинитивно ќе добијат можност за докажување во домашното првенство. Сметам дека сезоната е доволно долга за сите да добијат доволно шанси, оние млади играчи сигурно ќе имаат шанса да ги покажат своите квалитети и да го направат посакуваниот чекор напред во кариерите. Ова не значи дека ја потценуваме домашната лига, на секој меч ќе се обидеме да победиме, но дури и доколку тоа не се случи секогаш нема да биде никаква трагедија, за нас клучно сепак ќе биде да создадеме барем двајца играчи кои во следната сезона би имале доволно добри за да играат и во АБА-лигата. Мечот со Карпош соколи е дерби дуел и ние ќе сториме се за да победиме, но сигурно шанса ќе добијат и дел од помладите кошаркари“ – истакна Александар Тодоров.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.