Реал ја најде замената за Пепе

Искусниот централен дефанзивец на Реал Мадрид Пепе, по сите изгледи од следната сезона ќе се сели во Кина, што тоа значи дека мадриѓаните се во потрага по негов наследник. По сите изгледи, Реал неговата замена ја најде токму во истиот клуб од каде го купија Португалецот.

Фелипе Монтеиро е 27-годишен играч на Порто, кој оваа сезона потпиша со „змејовите“ од Коринтианс, а според медиумите од Шпанија, „кралевите“ веќе постигнале договор со дефанзивецот, останува клубовите да се договорат околу сумата.  Иако клаузулата на Монтеиро е 50 милиони евра, но според истите извори, Порто се задоволни и со 30 милиони евра.

Неговите перформанси му заработија повик за бразилската репрезентација за следните квалификации за Светско првенство.

 

Се вчитува...