СКАНДАЛ од Турците на крајот: Волкан Демирел во физичка пресметка... (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

СКАНДАЛ од Турците на крајот: Волкан Демирел во физичка пресметка… (ФОТО)

СКАНДАЛ од Турците на крајот: Волкан Демирел во физичка пресметка… (ФОТО)

Со скандалозен однос од страна на фрустрираните турски фудбалери заврши натпреварот меѓу Вардар и Фенербахче на „Телеком арената“ кој заврши со победа на македонскиот шампион!

По завршувањето на мечот, искусниот репрезентативен голман на Фенербахче, Волкан Демирел, кој на мечот остана на резервната клупа се впушти во физичка пресметка со дел од редарите на најголемиот македонски стадион кои се обидуваа да спречат навивачи да влезат на терен…

IMG_1782

IMG_1804

Демирел притоа не дозволуваше ниту радост на македонските фудбалери, со вулгарни зборови обраќајќи се до членовите и на Вардар, а на крајот со срамни гестикулации и кон навивачите беше присилно повлечен во подтрибинскиот простор.

IMG_1811

На крајот мораа да реагираат и редарските служби и полициските сили присутни на „Телеком арената“.

IMG_1819

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.