Тајната на Дибала: Знаете ли зошто носи црни копачки!?

Само два дена откако ја сруши Барселона со два гола во Торино и во голема мера го донесе Јувентус на чекор до полуфиналето во Лигата на шампионите, Пауло Дибала го продолжи договорот со „црно-белите“.

Сега Аргентинецот ќе заработува 130.000 евра неделно, а наскоро уште повеќе ќе ја зголеми својата банкарска сметка. И, тука се доаѓа до прашањето од насловот: Зошто Дибала носи црни копачки?

А, тоа е затоа што на Дибала му заврши договорот со „Најк“, и додека останатите произведувачи се борат за потпис со младиот генијалец, тој на овој начин им дава до знаење дека чека понуди.

dibala 2

Црните копачки кои сега ги носи и натаму се на „Најк“, само што аргентинскиот фудбалер самоиницијативно си ги преуредил малку. Место знакот на „Најк“ поставил свој заштитен знак, гладијаторски начин за прослава на головите.

„Тоа е Дибаламаск, т.е моја маска. Многу едноставна – маска на гладијатор!“ – објасни Пауло.

Сега, според сите најави, „Адидас“ е тој кај ја има фаворитската улога околу преземањето на грижата за Дибала.

Се вчитува...