Американците шокирани од изјавата на Јокиќ по новата МВП награда

Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ја освои третата награда за најкорисен играч на НБА лигата по новата фантастична сезона во која го предводеше својот тим до изедначен најдобар скор во Западната конференција.

Скромноста на Јокиќ и овој пат одекна и ја шокираше американската јавност. Додека најголем број од кошаркарите се воодушевени и не успеваат да ги сокирај импресиите од освоената престижна награда, Србинот се потсети на претходната сезона во која МВП наградата во регуларниот дел од сезоната му припадна на Џоел Ембид, а подоцна тој го освои првенството.

„Да бидам искрен повеќе ми се допадна претходната сезона кога не ја освоив МВП наградата, но го освоив првенството“, изјави меѓудругото Јокиќ.

Јокиќ и Денвер оваа сезона лесно се пласираа во полуфиналето од Западната конференција, но таму имаат негатива од 0-2 против Минесота и тоа пред гостувањата кај расположениот противник.

Се вчитува...