ВИДЕО + ФОТО: Мишевски со еврогол од слободен удар ја скрати радоста на „пандевци“!

Академија Пандев не успеа со цел плен да замине од гостувањето во Автокоманда против Скопје и покрај тоа што до самиот крај имаше водство кое ветуваше три бода.

Струмичани сосема заслужено стигнаа до предност со голот на Грифони по брзиот контранапад во 38. минута. Но, на крајот Филип Мишевски со еврогол од слободен удар во 84. минута ја скрати радоста на гостите…

До крајот само остана и двете екипи да се задоволат со по еден освоен бод.

[new_royalslider id=”819″]

Се вчитува...