ЦЕЛА ЕВРОПА ЌЕ ГО БРАНИ ФУДБАЛОТ: Буквално сите членки на УЕФА, меѓу кои и Македонија, ќе го бојкотираат Светското првенство!

Конфликтот меѓу УЕФА и ФИФА сега добива сосема нова димензија.

Според британскиот „Тајмс“, членките на УЕФА едногласно го поддржаа бојкотот на Светското првенство. Таквиот став е заземен на итен виртуелен состанок одржан по последните потези на ФИФА.

Причината за незадоволството е планот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да продаде удели од Светското првенство на приватни инвеститори.

Токму овој предлог предизвика силна реакција од европските фудбалски асоцијации.

„Тајмс“ објави дека членките на УЕФА едногласно ја поддржале можноста за бојкот доколку ФИФА продолжи со планот. Меѓу нив и Македонија, односно Фудбалската федерација на Македонија која денеска официјално го пренесе својот став со поддршка за заедничката позиција на УЕФА.

Засега не е донесена конечна одлука за бојкотот.

Сепак, самиот факт што европските федерации зазедоа унифициран став претставува сериозен притисок врз ФИФА.

Како што е познато, Инфантино претходно презентираше план според кој продажбата на акции на Светското првенство би можела да донесе значителни нови финансиски ресурси.

Тој предлог предизвика поделени реакции во фудбалскиот свет уште од самиот почеток.

Се вчитува...