16-годишното италијанско чудо од дете до светски рекорд на 50 градно (ВИДЕО)

Младата италијанска пливачка Бенедета Пилато успеа да го урне рекордот на 50 метри градно откако во полуфиналето на Европското првенство во Будимпешта успеа делницата да ја помине за време од 29.30 секунди.

Со ова време 16-годишната Италијанка успеа за 10 стоти делови од секундата да го подобри досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Американката Лили Кинг од 2017 година.

 

 

Се вчитува...