Македонија дел од Европското првенство во скајранинг

На 07.09.2019 година во Италија ќе се одржи европското првенство во скајранинг на кое за првпат ќе настапи и македонска репрезентација. Согласно остварените пласмани на државното првенство на Титов Врв за нашата репрезентација ќе настапат: Александар Стојкоски, Марјан Бонев, Александар Кирковски и Елена Ртоска.

Патеката ќе биде со должина од 31 километар и 2600 висински метри со доста стрмни и каменести секции што се одлика на овој спорт. На настанот се очекуваат околу 300 спортисти од над 20 држави. Скајранинг-от како спорт претставува екстремна форма на планинско трчање на технички терени и повисоки планини и започнува да се развива во почетокот на 90-тите години на Алпите, а од оваа година Федерацијата на планинарски спортови на Македонија стана полноправен член на Светската федерација за скајранинг.

 

Се вчитува...