Иако Јирген Клоп, потоа и Дидие Дешамп и Зинедин Зидан, се спомнуваа како можни тренери на Реал Мадрид, сепак ниту еден од нив не е прв избор на Флорентино Перез.
Имено, претседателот на Реал Мадрид го сака Жозе Мурињо на клупата на овој тим од следната сезона. А, не е тајна дека Мурињо има огромна желба да се врати во Реал Мадрид бидејќи не се прослави многу во својот прв мандат.
Сепак, Мурињо се одлучил да постави дури девет услови по добиениот повик од Перез.
Шпанските медиуми успеаја да откријат какви услови поставил Мурињо:
– Целосна контрола врз почетниот состав, управувањето со тимот и соблекувалната.
– Без мешање од никого без оглед на хиерархијата во клубот.
– Двегодишен договор
– Негов комплтен избор на стручен штаб што ќе го донесе со себе во Реал Мадрид.
– Одредени промени во сегашниот играчки персонал.
– Седумте играчи што веќе се спомнуваат треба да го напуштат клубот што е можно поскоро.
– Целосна контрола врз фитнес тимот за да се спречат чести повреди.
– Тој сака да комуницира само со Флорентино Перез, а не и со неговите соработници.
– Целосна контрола врз плановите за летните подготовки.
Перез, според информациите од странските медиуми, се согласил со условите на Мурињо, а понудата што му ја дал веќе е протечена.
Имено, Перез му понудил на Мурињо договор до 2028 година. Покрај тоа, челниците на Реал Мадрид се подготвени веднаш да ја платат откупната клаузула од 3 милиони евра на Бенфика.
Челниците на португалскиот тим ја чекаат конечната одлука на „Специјалниот“, кој исто така има понуда од Бенфика на маса за продолжување на соработката.
🚨 Excl – Florentino #Perez have offered a contract until 2028 to Josè #Mourinho to return to #RealMadrid’s bench. Real are ready to pay the release clause (3M) to #Benfica, which are waiting for the final decision of the Special One, who has also received Benfica’s bid to extend https://t.co/sGDFwlW8fw
— Nicolò Schira (@NicoSchira) May 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
