Петковски со супер-деби во Полска: Веднаш МВП

Андреј Петковски летово го напушти Пролет решавајќи се за прв интернационален предизвик во кариерата, а преселбата во полскиот прволигаш Азоти Пулави се чини како одличен потег за македонскиот голман.

Впрочем, тој имаше деби од соништата во полскиот шампионат откако го предводеше Азоти до победа на пенали на гостувањето против Стал. Нашиот интернационалец имаше 14 одбрани со повеќе од 40% успешност, за што сосема заслужено го доби признанието за МВП на натпреварот.

Фантастичен старт на сезоната и значаен чекор напред во кариерата на Петковски…

Се вчитува...