Димитријевиќ се повреди против Црвена Звезда, следи пауза

Арис неочекувано лесно и убедливо ја совлада Црвена Звезда на 98-74, но загрижувачка за грчкиот тим, како и за целокупната македонска кошаркарска јавност е повредата на Ненад Димитријевиќ.

Македонскиот плејмејкер е клучен играч на тренерот Спанулис од стартот на овие подготовки, токму затоа сите во „жолто-црниот табор“ се загрижени откако Димитријевиќ мораше да биде заменет поради повреда.

Тој го напушти теренот и се упати кон соблекувалната, а првите информации говорат дека станува збор за повреда на лакотот на левата рака.

Се очекува во следните 24 часа врз македонскиот ас да бидат извршени детални прегледи, по што ќе стане појасно колку ќе изнесува неговата пауза од кошаркарските терени.

Се вчитува...