Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски заработи суспензија од српскиот прволигаш Војводина, објавија медиумите кај нашиот северен сосед. Тој нема да биде дел од составот на Војводина на мечот против Бачка Паланка.
Аврамовски ја прекршил клупската дисциплина и поради тоа е привремено суспендиран и отстранет да тренира одвоено од екипата.
„Како ќе биде санкционирана недисциплината на фудбалерот, тоа го оставам на органите на клубот“, изјави тренерот на Војводина, Владимир Буач, пред мечот со Бачка Паланка.
Даниел Аврамовски во редовите на Војводина дојде од Олимпија, а претходно играше за Црвена Звезда, Работнички и Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА