Титула освоена со убедлив триумф од 34-19 и тоа против најголемиот ривал Е.Пелистер. Вардар и да посакуваше, не можеше на подобар начин да го запечати трофејот во домашниот шампионат.
Носен на крилата на Јака Малус сезонава, „црвено-црните“ имаа успешна сезона со двојна круна, и 1/4 финале во ЕХФ Европскиот Куп, а Словенецот најавува добри работи и следната сезона.
„Никој не очекуваше ваква сезона на Вардар, не само јас, туку и цела екипа. Со секој тренинг и натпревар правиме чекори напред, мислам дека сме на вистинскиот пат. Одиме понатаму, и мислам дека нешто добро ќе се случи следната сезона. Очекувам и идната сезона полна сала, во одличен амбиент се е можно. Кога имаме ваква поддршка, никој не може да не победи. Вардар остана без пораз дома во сите натпреварување, тоа е наша гордост и тврдина“, изјави Малус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
