Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Елиф Елмас е надвор од стројот на Фенербахче поради неопходни третмани на грбот, пренесуваат дел од турските медиуми.
Елмас, кој тренинзите постојано ги одработува со првиот тим на клубот и покрај тоа што нема право за настап до јануари 2018, изминативе денови не беше дел од тренинзите во сениорскиот состав. Сето тоа, како што пишуваат Турците, поради болките во грбот кои ги чувствувал македонскиот грб по враќањето од репрезентативниот собир.
„Не се работи за сериозна повреда, но Елмас мора да мине неколку третмани како дел од рехабилитацијата поради болките во грбот“ – пишуваат дел од турските медиуми.
Елмас на дуелот против Австрија за младата селекција по еден судар со противнички фудбалер заработи повреда поради што бараше замена пред време.
Елмас оваа сезона, по потпишувањето за Фенербахче, настапува во младинскиот шампионат на Турција во очекување на правото за настап во најсилната турска лига од следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА