Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев доби чест од својот клуб да биде тој кој официјално ќе го отвори новиот фан-шоп на Џенова.
Заедно со својот соиграч Зукановиќ, Горан Пандев ја отвори новата продавница и потоа се „впушти“ во дружба со навивачите на Џенова.
По доаѓањето на новиот стратег на клупата на Џенова, Пандев повторно се најде во преден план во тимот па веќе го стартуваше мечот против Кротоне на кој Џенова дојде до победа. Сега, ги очекува пресметката со Рома…
„Рома е одличен тим, но ние сега секако со зголемена самодоверба сакаме победа и триумф пред своите навивачи“ – истакна Пандев на вчерашната дружба со фановите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА