Работнички остана непоразен во Струмица, играјќи 1-1 против Академија Пандев. Тренерот Горан Станковски вели дека бодот од Струмица е наполно заслужен, а на самиот крај дојде наградата за играта на тимот во текот на целиот натпревар.
„Задоволни сме од бодот, со оглед дека до него стигнавме во самиот финиш од средбата. Но, и мислам дека комплетно го заслуживме со играта на дуелот против Академија Пандев. Создадовме неколку изгледни шанси, и на крајот не посака топката да заврши во мрежата. Претходно, имавме и подобри можности, но не реализиравме. Игравме офанзивно, притиснавме максимално по примениот гол, и на крајот сепак дојде наградата за таквата наша игра. Ова покажува дека Работнички гради цврст победнички карактер, и тоа посебно ме редува во пресрет на завршницата од првиот дел од сезоната“, изјави шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА