Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски го постигна својот втор гол во јапонскиот шампионат, стрелајќи во поразот од 1-4 на Јокохама Маринос од Церезо Осака.
Бабунски постигна вистински убавец со шут од 25 метри, носејќи водство за Јокохама од 1-0 во 13. минута од натпреварот…
Но, тоа не беше доволно за позитивен резултат на Јокохама. До крајот на мечот Ц. Осака стигна до комплетен пресврт. Бабунски настапи до 59. минута на натпреварот, а пресвртот на гостите со четири гола следеше од 64. до 85. минута.
По 32 кола, Јокохама Маринос со 55 бода е на петтата позиција на табелата во најсилната лига на Јапонија, додека Ц. Осака е на третата позиција со 60 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА