И официјално Вардар ја врати шампионската титула во своите витрини, откако вечерва им беше потребен само бод во дербито со Е.Пелистер, но тие успеаја да дојдат до убедлива победа од 34-19.
Вардаровиот тренер Иван Чупиќ, е среќен што неговиот тим успеа на најголемото дерби да го потврди враќањето на шампионската круна, заокружена со двојна титула со оглед дека претходно Вардар го освои и Купот.
„Секогаш може повеќе. Во ваков амбиент против главниот конкурент во најголемото дерби да завршиме работа, да освоиме титула, мислам дека не можеме подобро и да посакавме. Мислам дека на крајот заслужено ја вративме титулата во Скопје. Уште еднаш ќе се заблагодарам на навивачите, на претседателот и директорот кој ми дадоа шанса. Горд сум што работам во ваков голем клуб. Честитки на сите мои играчи кои ја вратија титулата, да се заблагодарам на Талески, Борозан и Ќосевски кои беа со нас, и тие имаат придонес за титулата. За два дена нови натпревари, мораме да се спремиме за Охрид“, рече Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
