Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски го постигна својот петти гол сезонава во дресот на хрватскиот прволигаш Славен Белупо.
Во првиот натпревар од 16. коло во шампионатот на Хрватска, Ивановски постигна убав погодок во 53. минута за водство од 1-2 на Славен Белупо на гостувањето против Рудеш.
Со пет гола, Ивановски сега е на делба на петтата позиција меѓу најдобрите стрелци во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА