Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски сосема извесно во јануари ги напушта редовите на италијанскиот второлигаш Палермо.
25-годишниот Трајковски оваа сезона и тоа како очигледно е потценет од страна на клубот поради што се поотворено се најавува неговото заминување од Палермо, и покрај тврдењата на раководството дека македонскиот фудбалер не е и нема да биде на продажба.
Александар Трајковски на почетокот од новата сезона во Италија речиси и воопшто да не добива шанса во дресот на Палермо. Сето тоа, во голема мера дополнето и со постојаните изјави на првиот човек на клубот Маурицио Зампарини дека не е задоволен од формата на Трајковски, потврдува за извесната определба македонскиот фудбалер од јануари да ја промени средината. Според дел од информациите од Италија, интерес за Трајковски постои од неколку тимови од Серија Б, но постои можност и за негово враќање во Белгија од каде во јуни 2015 се пресели на Апенинскиот полустров.
Македонскиот фудбалер оваа сезона се најде на само седум натпревари за Палермо, и тоа главно настапувајќи со мала минутажа како замена, притоа постигнувајќи само еден погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА