Македонскиот интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на израмнувачкиот погодок за својот тим АЕК Ларнака во ремито (1-1) против Аполон Лимасол во денешниот дуел од првенството на Кипар. Со овој гол, АЕК Ларнака го сочува првото место на табелата со 23 бода, колку што има и Анортозис.
Гостите први поведоа со голот на Маглица во 20.минута, а Тричковски израмни во 82.минута. Мојсов скокна највисоко со глава, ја упати топката на вториот дирек, а таму се најде Иван Тричковски кој исто така со удар со глава ја погоди целта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА