Македонскиот фудбалски интернационалец Филип Ивановски беше стрелец на единствениот гол за Јавор во поразот од Борац (2-1) во првенството на Србија. Тоа е трет гол за поранешниот играч на Вардар, Работнички и на Македонија ЃП, кој беше интернационалец и во Полска, во Суперлигата на Србија.
Ивановски го доведе Јавор во водство во 38. минута, но Борац успеа да возврати со два гола до полувремето, што на крајот беше и конечен резултат на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА