Енис Барди уште еднаш покажува дека е еден од најдобрите трансфери во Примера дивизион минатото лето откако македонскиот ас постигна уште еден гол за Леванте, овојпат на гостувањето во Еибар.
Мајсторот за слободни удари знае да стрела и од игра, па така вечерва тој одлично ја следеше акцијата на својот тим, втрча во шеснаесетникот и потоа со силен удар од десетина метри го совлада голманот на домашната екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА