Илиев: Повредата не е сериозна, од понеделник се враќам на тренинзи

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев денеска предвреме мораше да го напушти натпреварот за младинскиот тим на Арсенал во дербито со Челси (2-2) од У23 шампионатот на Англија, откако доби удар во главата при судир со противнички фудбалер.

Илиев преку својот официјален фејсбук профил се заблагодари на поддршката од сите страни информирајќи дека, за среќа, не се работи за сериозна повреда па од понеделник повторно ќе биде на тренинзите на својот тим.

„Ви благодарам на сите за поддршката. Се чувствувам добро и немам никаква сериозна повреда. Почнувам повторно со тренинзи од понеделник“ – напиша Илиев.

Како што е познато младиот македонски голман пред само неколку денови беше и во првиот тим на Арсенал во Лига купот, останувајќи, сепак, на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...