РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО
Скопје: СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)
Мишевски 84′ – Грифони 38′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)
Херера 18′, Дурански 59′
Прилеп: ПОБЕДА – ВАРДАР (1-0)
Илиески 77′
Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (0-0)
ТАБЕЛА: Шкендија 28 бода, Вардар(-2) 19, Академија Пандев(-1) 18, Силекс 15, Шкупи 12, Пелистер 12, Победа 12, Ренова 11, Работнички(-1) 10, Скопје 6 бода.
=========================================================================
Очајниот Вардар загуби од Победа во Прилеп… Работнички по четири натпревари без триумф, победи со Пелистер, а Шкендија рутински славеше со Шкупи во Тетово!
КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ!
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)
1-1 – 84′ – ГОООЛ ЗА СКОПЈЕ. Со погодокот на Филип Мишевски, Скопје израмнува на Автокоманда
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (4-1)
4-1 – 82′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хасани го постигнува и својот втор гол за враќање на предноста од три гола
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (3-1)
3-1 – 76′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Алан Јашаровски ја намалува предноста на домашните

ПОБЕДА – ВАРДАР (1-0)
1-0 – 77′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Вардар шокиран во Прилеп. Очајните црвено-црни ги казнува Дарко Илиески со гол за водство на Победа
ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)
60′ – Вардар очаен во Прилеп. Победа е таа која диктира ритам во вториот дел, Цветаноски убаво шутираше но Гачевски брани

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)
2-0 – 59′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Акција почната од голманот Божиновски кој го проигра Погосјан, а овој во слалом проби по десната страна нафрли пред голот на Пелистер каде Филип Дурански убаво од неколку метри сместува во гостинската мрежа
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (3-0)
3-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хасани доби добра топка на 20 метри, и прецизно шутира во долниот десен агол од голот на Шкупи
Почеток на вториот дел на петте натпревари од 11. коло во ПМФЛ…
КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-1)
0-1 – 38′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Џулио Грифони носи водство за Академија Пандев на гостувањето во Автокоманда

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
42′ – Одличен шут на Тодоров од 20 метри, но Јовановски брани од под самата греда, исфрлајќи во корнер
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)
35′ – Одлична шанса за Шкендија. Алими се избори за убава позиција, шутираше од 15 метри но брани голманот на Шкупи
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
31′ – Обид на Ристе Маркоски од десната страна, но непрецизен
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)
2-0 – 24′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Корнер од десната страна изведе Хасани, а дефанзивецот на Шкупи, Кривањева неспретно реагира па со грб си постигнува автогол
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
25′ – Повреда на Кире Маркоски, кој ја напушта играта, па на негово место во игра Андреј Лазаров
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
1-0 – 17′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Соло продор на Бесарт Ибраими, кој откако мина неколку противнички дефанзивци откосо од десеттина метри од левата страна силно шутира под гредата од голот на Шкупи
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
1-0 – 18′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По нафрлањето од десната страна, Херера највисок во скокот со глава стрела во мрежата на Пелистер, иако му помага и неспретната реакција на Марко Јовановски

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)
15′ – Мирно на дуелот во Прилеп. Освен шансата на Блажевски за Вардар на почетокот од мечот, без поголеми возбудувања на двете страни
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
15′ – Шут на Лукас од околу 25 метри, но брани Божиновски
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)
10′ – Хасани не реализираше од идеална позиција. Капитенот промаши зицер од 5-6 метри, по проигрувањето од Ибраими
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
11′ – Прв корнер за Работнички на дуелот, но без опасност по голот на гостите. На одбиената топка Херера шутира од далечина, но непрецизно
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)
3′ – Прва шанса за Шкендија. Ибраими по десната страна се најде во убава позиција, но не реагираше брзо па блокираа гостинските фудбалери
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ
- Познати составите за дуелот во Прилеп меѓу Победа и Вардар…

- Шкендија со очекуваниот стандарден прв тим против Шкупи…

- Составите за пресметката на „Филип Втори“ меѓу Работнички и Пелистер…

- Составите за пресметката на Автокоманда меѓу Скопје и Академија Пандев…

- Составите за дуелот во Кратово меѓу Силекс и Ренова…

=========================================================================
Стартуваат натпреварите од 11. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Вардар оди по бодови во Прилеп, Шкендија го пречекува Шкупи, а Академија Пандев гостува на Скопје.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

