Аријан Адеми игра подобро и од пред суспензијата! Ова е генералниот впечаток по трите одиграни натпревари, еден за македонската репрезентација и два во дресот на Динамо Загреб, откако се врати по двегодишната суспензија.
Иако го одигра само второто полувреме на вчерашната голема дерби пресметка во хрватското првенство меѓу Хајдук и Динамо Загреб на „Пољуд“, Аријан Адеми е прогласен за најдобар играч на натпреварот. Едногласно оценет и од хрватските медиуми како човекот кој донесе пресврт во играта на Динамо Загреб, притоа и извонредно асистирајќи и за вториот гол на „модрите“.
„Адеми е дефинитивно големо засилување за Динамо. Тоа што Доумбиа требаше да биде, а не е. Како само Адеми му украде топка на Тудор а потоа асистираше за вториот гол. Звучи неверојатно, но Адеми како да е подобар играч од пред суспензијата. Најдобар фудбалер на дербито“ – пишува хрватски „24 часа“.
А, околу вчерашниот дуел, Адеми вели:
„Штета е што не победивме, дозволувајќи пенал за противникот во последните секунди. Мислам дека бевме многу подобри на терен во вториот дел. Заигравме поагресивно, не е тоа поради моето влегување но така се поклопи“ – на крај, повторно како секогаш скромно вели Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА