Откако на извонреден начин, веднаш со погодок, се врати во дресот на македонската репрезентација против Лихтенштајн, Аријан Адеми можеше да има враќање со гол и во дресот на Динамо Загреб.
Адеми ги одигра последните 30 минути во ремито (1-1) на Динамо против Осијек, а постигна и погодок во 77.минута кој му беше сосема неоправдано поништен поради наводен офсајд. Видео снимката од ситуацијата покажува дека судијата погреши, затоа што топката до Адеми не доаѓа од негов соиграч но од фудбалер на Осијек кој ја враќа пред својот гол…
„Жал ми е што не победивме, но среќен сум што се вратив на терените. Мојот поништен гол? Фудбалерот на Осијек играше последен со топката, но ете што да се прави, судијата свиреше офсајд. Жал ми е поради тоа. Среќен сум што постигнав гол за Македонија, а ќе бев уште посреќен ако сега и тука победевме а јас постигнев гол. Но, секако задоволството е големо што на одличен начин ме дочекаа навивачите, што соиграчите и клубот ми ја доверија и капитенската лента. Немав трема, максимално ужував. Ми се чини дека тремата ја уништив со оној меч за Македонија“ – истакна Адеми по натпреварот со Осијек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА