Малите Лука, Петар и Славко болуваат од најтежок облик на мускулна дистрофија… Но, позитивниот дух кој го носат во себе никогаш не исчезнал од нивните срца. Искрено со срце пристапуваат и кон навивањето за својот омилен клуб Динамо Загреб… Токму затоа беа пресреќни кога нив се одлучи да ги посети македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
„Нивниот живот е борба, затоа сите ние треба само да им се поклониме. Насмевката на нивните лица е најголема награда и поттик за сите нас. Таа храброст со која овие деца патуваат низ животот, оваа ведрина и оптимизам треба да бидат пример за сите нас“ – истакна Адеми по посетата на семејството Чабраја.
Мајката Даниела и таткото Анте, како и нивните три сина Славко (16, Петар (12) и Лука (10) од неодамна се горди членови на навивачкиот клуб на Динамо Загреб.
„Нашите момчиња се огромни навивачи на Динамо, па сите ние се зачленивме во клубот. Во нашето семејство едноставно не може да се живее без фудбал, затоа и сме пресреќни што сега со нас е Аријан“ – истакна Анте на средбата со македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА