Шампион засекогаш: Дончиќ си го тетовираше пехарот од Евробаскет

Словенечкиот суперталент Лука Дончиќ засекогаш ќе го памети првиот голем триумф со својата репрезентација, освоената титула на Евробаскет 2017. А реши пехарот секогаш да си го носи со себе, тетовирајќи го на своето тело. Под пехарот, напишан е и датумот на триумфот, со римски бројки.

Дончиќ беше фантастичен на натпреварите на Евробаскет, потврдувајќи ја својата врвна класа. Иако е се уште многу млад, тој има непроценливо искуство и од настапите во дресот на Реал Мадрид.

tetovaza doncic 1

tetovaza doncic 2

 

Се вчитува...