Усман Дембеле го повлече вистинскиот потег кога реши да ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ, францускиот ас се закити и со „Златната топка“, а синоќа го постигна клучниот гол за „светците“ за пласман во ново финале од Лигата на Шампионите.
Еуфорично славејќи го големиот успех, Дембеле сепак по мечот изненади со објавата на социјалните мрежи, цитирајќи поранешен соиграч од Барселона.
Младиот Гави пред неколку години со брутална изјава ги замолкна устите на злобниците кои се сомневаа во неговите квалитети, а Дембеле реши да ја ископира изјавата на Шпанецот како одговор на сите оние кои не веруваат во него.
„Многу луѓе мислат дека јас немам врска со фудбал, но тие се оние кои немаат врска. Тоа е вистината, но ги разбирам… На крајот на краиштата, ова е фудбал, тука секој го мисли тоа што сака и верува дека е во право“, ја објави Дембеле видео-изјавата на Гави на својот профил, веднаш по неговиот гол и пласманот во ново финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА