Поранешниот германски репрезентативец Никлас Зиле ја шокираше фудбалската јавност обелоденувајќи дека на крајот на сезонава ќе ја заврши кариерата.
Зиле има само 30 години, но честите повреди придонесоа тој да не може да продолжи со професионалниот фудбал.
„Сакам да објавам дека летово ја завршувам кариерата… Она што го почувствував кога докторот ми го прегледа коленото по повредата со Хофенхајм… Само го погледнав и климнав со главата… и тој го стори истото. Плачев десет минути под туш бидејќи ми беше јасно дека веќе не можам да продолжам да се мачам“, објави одличниот дефанзивец.
Тој е член на Борусија Дортмунд од 2022 година кога пристигна од редовите на Баерн Минхен. Зиле одигра 199 средби во дресот на „милионерите“, а во репрезентативната кариера имаше и 49 настапи за германскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
