Гласни реакции доаѓаат од сите страни околу изданието на Португалецот Пинеиро и неговите одлуки на синоќешниот мегадуел меѓу Баерн и ПСЖ, во кој сите спорни ситуации беа решени во корист на гостите од Франција.
Во Баерн очекувано се жалат на недосудениот пенал како и на црвениот картон што не му беше покажан на Мендеш откако Пинеиро измисли играње со рака на Лаимер во раната фаза на акцијата, но критики за португалскиот арбитар доаѓаат и од ТВ-аналитичарите.
„Видете, и јас сум бил на терен, знам какво е чувството кога ќе се донесе одлука против вас. А оваа одлука беше погрешна. Во оваа фаза од натпреварувањето, во меч што е толку важен, судијата мора исто така мора да биде на највисоко ниво. Судијата мораше да биде подобар. Ова веќе не може да се премолчува, она што најмногу ме нервира е недоследноста. Видовме бројни ситуации, се суди една работа на еден меч, сосема друга на наредниот дуел. Еве, нека ми се јави некој и нека ми ги објасни критериумите. Не е фер кон играчите, тренираат секој ден, се жртвуваат за да дојдат до ваква вечер, и тогаш еден човек со една одлука го менува целиот тек на мечот. Такви грешки не смеат да се случуваат“, порача Тиери Анри, легендарниот француски голгетер.
Уште пожесток беше екс-дефанзивецот на Ливерпул, Џејми Карагер…
„Го гледам ова и апсолутно сум бесен. Ракана на Жоао Невеш е крената како да регулира сообраќај, тоа е чисто играње со рака, очигледен пенал, а судијата само одмавнува. Иста одлука видовме и синоќа на мечот на Арсенал со Атлетико, шокантни одлуки што големите клубови скапо ги плаќаат во најлош можен момент. Знаете дека таквите моменти решаваат за судбината на клубот, цела сезона оди во ветер затоа што некој судија направил грешка. Не смее така, ова не е селска лига, туку најголема сцена на клупскиот фудбал. Неверојатно“, критичен беше Карагер
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
