ПСЖ ќе го игра второто финале во низа во Лигата на Шампионите, а „светците“ мора да бидат горди на своето издание во дефанзивата со која целосно го неутрализираа моќниот напад на Баерн Минхен.
Баварците израмнувачкиот погодок го постигнаа во 94. минута, а ПСЖ покажа дека покрај беспрекорниот напад поседува и извонредна дефанзивна дисциплина.
„Ова беше неверојатен дуел, уште една магична ноќ за ПСЖ. Играме против фантастичен тим, на кој треба да му се честита за се што стори сезонава. Од мали сонуваме еден ден да играме вакви мечеви, а кога ќе дојдете на терен нормално е да дадете се од себе, да одиграте најдобро што знаете. Ми се исполни уште еден сон, да играм ново финале во ЛШ. Сега ќе славиме, ќе уживаме во моментов но исто така и мораме да останеме скромни. Бидејќи ништо не е готово, пред нас е финалето и завршницата од домашното првенство“, истакна Дезире Дуе, младиот офанзивец на ПСЖ кој повторно одигра одличен дуел откако ја доби довербата на Луис Енрике пред Баркола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
