„Комити“ го напуштија „Филип Втори“ на мечот со Шкупи…, „Шверцери“ зад Западната трибина (ФОТО)

Откако се појавија на почетокот од денешниот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига со поддршка за својот Вардар против Шкупи, околу 100 членови на „Комитите“ ја напуштија во текот на првото полувреме западната трибина на арената „Филип Втори“…

„Комитите“ се одлучиле да се повлечат надвор од стадионот по информации дека зад Западната трибина се појавила група на навивачката група „Шверцери“. По заминувањето на „Комити“ и дел од безбедносните сили на стадионот се упатија надвор од стадионот, како не би дошло до евентуални инциденти…

bezbednosni sili

Како што е познато, натпреварот на „Филип Втори“ е прогласен за меч од висок ризик, поради што на гостинските навивачи не им беше дозволен влез на стадионот. Но, дел од нив се одлучија поддршка за фудбалерите на Шкупи да дадат од околината на нашиот најголем стадион.

По 40 минути игра, на теренот пак, Вардар – Шкупи 0-0! Дел од вардаровите навивачи пред крајот на полувремето, полека се враќаат на Западната трибина на нашиот најголем стадион…

Се вчитува...