Вардаровиот голман, Филип Гачевски пред вечерашниот втор дуел во Лигата на Европа, овој пат против норвешкиот Розенборг во Трондхајм, верува дека македонскиот шампион нема што да загуби од оваа пресметка, а секако со добар резултат може да донесе нови моменти за радост на своите навивачи и македонската фудбалска јавност.
„Знаеме сите дека не чека тежок натпревар… Играме и против трет скандинавски клуб оваа сезона во Европа, по Малме и Копенхаген. Но, сега ќе биде сосема поразличен натпревар од оние претходни гостувања во Скандинавија, затоа што сега со Розенборг мислам дека нема што да загубиме. Со самиот пласман во Лигата на Европа направивме еден голем успех, па сега секое наше квалитетно издание и добар резултат може да биде само голем плус. Затоа треба да играме храбро, и да се обидеме да дојдеме до резултат со кој повторно ќе ја израдуваме Македонија“ – вели чуварот на мрежата на „вардарци“ пред вечерашниот дуел во Трондхајм.
Натпреварот меѓу Роозенборг и Вардар во Трондхајм стартува од 19 часот. Во првите средби од групата, и Розенборг и Вардар запишаа убедливи порази, Норвежаните на гостувањето против Реал Сосиедад со 4-0, а Вардар загуби 0-5 во Скопје од руски Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА