Одличниот викенд на македонските репрезентативци ширум Европа го надополни и голманот Столе Димитриевски кој беше најзаслужниот за освоениот бод на Гимнастик Тарагона во второто коло од шпанската Втора лига.
Димитриевски на гостувањето на Гимнастик против Реус Депортиу во 81. минута одбрани пенал на домашните со што успеа да зачува конечни 1-1 за својата екипа…
Ова е прв бод за Гимнастик во почетните две кола од новата сезона во Втората шпанска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА