Поранешниот репрезентативец Тодор Тодороски, кој сега настапува во албанскиот тим Фљамуртари, ќе паузира околу 6-7 месеци, откако ги скина лигаментите на коленото.
Тодороски се повреди на натпреварот со Егнатиа пред две недели, и сега го чека долга рехабилитација.
Десниот бек дојде во Фљамуртари на почетокот на сезоната од Поли Јаши, а претходно играше за Залаегерцег, Сумгаит, Серед, РАднички Ниш, Осијек, Шибеник и Вардар.
27-годишниопт Тодороски за националниот тим на Македонија одигра шест натпревари, и тоа сите под водство на Благоја Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
